Фудбалерот на Хул, Рајан Мејсон се бори за живот, откако се здоби со тешка и опасна фрактура на черепот и обилно крварење во главата по сударот со дефанзивецот на Челси, Гери Кејхил.


25-годишниот фудбалер веднаш после првата помош на теренот беше префрлен во болница и итно му беше направена операција на главата и цела Англија е во исчекување од епилогот од оваа немила ситуација. Менаџерот на „тигрите“, Марко Силва за англискиот таблоид „Мирор“ ја потврди информацијата изјавувајќи дека целата екипа се наоѓа во болницата.

– Вечерва сите ќе останаме овде да му пружиме морална поддршка на Мејсон и на лекарскиот тим. Во прв момент не изгледаше толку страшна повредата, но после мечот ни соопштија дека ќе го задржат нашиот фудбалер. – изјави Силва.


Дефанзивецот на Челси го продолжи натпреварот и во продолжение успеа да се запише во листата на стрелци. „Сините“ победија со 2-0, но триумфот може да остане запаметен по немил настан, кој никој не сака да се случи.

Шок и исчекување во Англија: Рајан Мејсон се бори за живот по страотниот судар со Тим Кејхил (видео)

OhridNews