Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ и навивачите имаат многу поголеми грижи од поразот кој кошаркарите го претрпеа од Аргентина (79-74) во финалните подготовки за Олимписките игри во Рио.


На пет минути од крајот на мечот се повреди Милош Теодосиќ односно се пожали на болки во раката по еден дуел со противнички кошаркар.


Деталните прегледи во најбрз можен рок ќе покажат дали и колку ќе паузира првата виолина на „орлите“.

OhridNews