Екипата на Алавес го приреди најголемото изненадување во светскиот фудбал освојувајќи ги трите бодови на Ноу Камп по победата над Барселона 2-1.
„Каталонците“ покрај големиот посед на топката одиграа инфериорен натпревар во нападот упатувајќи само два директни удар кон голот.
Организираноста на гостите во одбраната им донесе простор за контра напади, што преставуваа голема опасност по голот на домаќините.
Алавес, првиот гол го постигна во 39-та минута преку Дјеверсон. Барселона по само две минути игра во вториот дел го изедначи резултатот со голот на Матје. Вториот и фателен удар, гостите го направија во 64-та минута кога поведоа со 2-1 со голот на Ибаи Гомез.
Ниту влегувањето во игра на Меси, Суарез и Иниеста не помогна, па Барселона мораше својот стадион да го напушти со наведната глава.
Резултати: Селта Виго – Атлетико Мадрид 0-4, Реал Мадрид – Осасуна 5-2, Малага – Виљареал 0-2, Севиља – Лас Палмас 2-1, Барселона – Алавес 1-2.
OhridNews