Дебитантот во Лигата на Европа, Хапоел Беер Шева го приреди најголемото изненадување победувајќи го Интер со 2-0 на Џузепе Меаца во првата рунда од натпреварувањето.


„Нероазурите“ комплетно потфрлија и со ништо не заслужија поволен резултат пред своите гледачи кои полека го губат трпението.

Инфериорноста на домаќините, гостите ја искористија во вториот дел во кој ги постигнаа двата погодоци. Мрежата на Интер ја начнаа во 54-та минута, а печат на победата ставија 15 минути подоцна.


Резултати:

Група Г: Панатинаикос – Ајакс 1-2, Стандард – Селта Виго 1-1

Група Х: Брага – Гент 1-1, Коњаспор – Шахјтор 0-1

Група И: Ница – Шалке 0-1, Салзбург – Краснодар 0-1

Група Ј: Карабах – Слован Либерец 2-2, ПАОК – Фиорентина 0-0

Група К: Интер – Хапоел Беер Шева 0-2, Саутемптон – Спарта Прага 3-0

Група Л: Османлиспор – Стеауа 2-0, Виљареал – Цирих 2-1

OhridNews