Хрватската фудбалска федерација го разреши Анте Чачиќ од селекторската позиција во А репрезентацијата и тргна во потрага по негов наследник, кој ќе има тешка задача за почеток на селекторската авантура.

„Коцкастите“ под знак прашалник го доведоа пласманот на Мундијалот во Русија, иако на два меча пред крајот на групната фаза беа во најдобра позиција во И групата. Хрватите неочекувано ремизираа на домашен терен со Финска 1-1 и му го препуштија врвот на Исланд кој пак победи со Турција 3-0.

Најверојатно на последниот меч од квалификациите селекцијата ќе ја предводи помошникот на Чачиќ, Јосип Шимуниќ, а потоа Давор Шукер со останатите делегати во федерацијата ќе одлучуваат за селекторската позиција.

Имиња се споменуваат, а хрватските медиуми преку анкета им даваат шанса за граѓаните да се изјаснат кој го посакуваат за предводник.

OhridNews