Шок терапијата во Лестер односно менаџерската промена вроди со плод, откако „лисиците“ пред своите гледачи со 3-1 го совладаа Ливерпул во последниот меч од 26-та рунда во Премиер лигата.
После скоро половина час игра домаќините го отворија резултатот со погодокот на Џејми Варди. Десеттина минути подоцна „лисиците“ го дуплираа водството преку Дени Дринквотер.
Варди со вториот погодок на мечот донесе убедливо водство за домаќините (3-0) и го доближи својот тим до победа по подолга пауза во Премиер лигата. „Црвените“ од Енфилд до крајот на мечот го ублажија поразот со почесниот гол на Коутињо.
Со трите бодови Лестер се искачи две позиции на табелата и со 26 бодови се наоѓа на 15-то место, додека Ливерпул со поразот го загрози петтото место во премиерлигашкиот поредок.
OhridNews