Екипите на Манчестер Јунајтед и Челси потешко од очекувањата запишаа нови бодови на своето конто победувајќи ги Мидлзброу (2-1) односно Стоук (4-2) пред своите гледачи.


Мечевите од 19-та рунда во Премиер лигата понудија многу возбудувања на Олд Трафорд и Стемфорд Бриџ. „Црвените ѓаволи“ со погодоците на француските репрезентативци Ентони Марсија и Пол Погба во 85-та и 87-та минута стигнаа до нова победа. Претходно за водство на гостите погоди Гранд Лидбитер по еден час игра.


„Сините“, пак, дури во финишот целосно го скршија отпорот на Стоук кој два пати се враќаше од негатива. Стрелци за Челси беа Гери Кејхил, два пати Вилијан и Диего Коста, а головите за Стоук ги постигна Бруно Мартинс Инди и Питер Крауч.


Резултати: Барнли – Сандерленд, Челси – Стоук 4-2, Лестер – Вест Хем, Манчестер Јунајтед – Мидлзброу 2-1, Саутемптон – ВБА 1-2, Свонси – Бурнмаут 0-3.

OhridNews