Фудбалерот на второлигашот Ливорно, Пиермарио Морозони на натпреварот против Пескара доби срцев удар, беше пренесен во локалната болница каде му беше констатирана смрт.


По половина час игра тој се струполи на теренот , лекарската екипа се обиде да го реанимира и веднаш беше пренесен во болница, а натпреварот беше прекинат.

По оваа трагична вест, одложени се сите натпревари во италијанскиот шампионат.

Ohridnews