Екипата на Ливерпул претрпе неочекуван и шокантен пораз од Свонси (3-2) на Енфилд во првиот меч од 22-та рунда во Премиер лигата.


По првото мирно полувреме, стрелците распукаа во вториот дел постигнувајќи пет голови. „Лебедите“ со головите на Љоренте поведе со 2-0, а со иста мера врати Фирмињо за егал. Последниот и фатален удар на „црвените“ им го зададе Сигурдсон во 80-та минута од натпреварот.

Тимот на Свонси со трите бодови од Енфилд се искачи на 17-та позиција на табелата, додека Ливерпул полека го губи здивот во трката со Челси за титулата.

OhridNews