Германскиот гигант Баерн Минхен доживеа ново разочарување, откако претрпе пораз од Борусија Дортмунд (3-2) на Алијанц арената во полуфиналето во националниот Куп.
Во текот на мечот имаше два пресврти, а на крајот се радуваше гостинскиот состав. Домаќините со головите на Хави Мартинез и Мет Хумелс го анулираа и презедоа водството од гостите после погодокот на Марко Ројс. Пјер Омерик Аубамејанг и Дембеле со голови во 69-та и 74-та минута го свртеа резултатот во своја полза и го задржаа за голема победа.
„Милионерите“ во финалето ќе се сретнат со Ајнтрахт Франкфурт кој во второто полуфинале го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах по изведувањето на пеналите.
OhridNews