Бразилскиот интернационалец во редовите на Манчестер Сити, Габриел Жесус ќе паузира од два до три месеци, откако на мечот со Бурнмаут го напукна стапалото.
Жесус кој зимава го официјализираше трансферот во Манчестер Сити започна добро во дресот на „граѓаните“ постигнувајќи три погодоци во исто толку натпревари.
Бразилецот немаше некој посериозен дуел со противнички фудбалер, а остана да лежи на тревата по само 13-ет минути игра.
На негово место влезе Серхио Агуеро кој подоцна беше главен виновник за вториот погодок кој ја осигура победа (2-0) на гостувањето во Бурнмаут.
OhridNews