„Црвените“ од Енфилд во драматична завршница на Лофтус Роуд го освоија целиот плен победувајќи го Квинс Парк Ренџерс 3-2.


Решавачкиот погодок Ливерпул го постигна преку Колкер, кој си ја затресе сопствената мрежа во последната минута од судиското продолжение.


Ливерпул имаше предност од 1-0 и 2-1, а КПР вториот изедначувачки погодок го постигна во 91-та минута, но, сепак останаа без бодови откако Ливерпул реализираше трет во завршните мигови од мечот.

 

Мх.П.