Екипата на Интер претрпе шокантен пораз пред своите гледачи од Каљари 4-1 во петтата рунда од „Калчо лигата“. „Нероазурите“ беа изразити фаворити на овој натпревар, но не го оправдаа тоа примајќи четири погодоци.

Лош ден за домаќините на Џузепе Меаца најави Марко Сау кој погоди во 10-та минута за 1-0. Новата аквизиција Пабло Освалдо го изедначи резултатот во 18-та минута.

Кога „интеристите“ тргнаа решително кон голот на Каљари тогаш следуваше шок откако Нагатомо заработи два жолти картони автомаски црвен.

Играчката предност гостите ја капитализираа до крајот на првиот дел постигнувајќи три погодоци. Во второто полувреме фудбалерите на Каљари со уште еден погодок ја запечатија победата.


Резултати : Сасуоло – Наполи 0-1, Чезена – Милан 1-1, Верона – Емполи 1-1, Интер – Каљари 1-4, Торино – Фиорентина 1-1, Џенова – Самподорија.

Табела : Јувентус 15, Рома 15, Удинезе 9, Интер 8…

Мх.П.