Катарската телевизиска станица bEIN Sport, во саботата пренесе дека Пеп Гвардиола ги договорил условите по завршувањето на сезоната да се пресели во Манчестер Сити.

Сити сигурно на крајот од првенството ќе му се заблагодари на Мануел Пелегрини кој не успеа да освои ниту еден трофеј, а избортот за негов наследник паднал врз Гвардиола.

Шпанецот со Баерн Минхен не постигна резултати поради кои беше донесе во клубот, односно требаше да направи Баерн да доминира во Лигата на шампионите.

Иако во две сезони освои две титули во домашното првенство, Гвардиола лани со Баерн испадна во полуфиналето во ЛШ од Реал (вкупен резултат 5:0), а веројатно и оваа сезона ќе ги заврши натпреварите во ЛШ во оваа фаза, откако во првиот полуфинален меч Баварците загубија од Барселона со 3:0.

„Макфакс“