Како ветени, а неостварени проекти Шокароски ги спомна изградбата на Аква парк, како и планираните проекти за изградба на голф игралишта и зимски центар на Галичица.
– Лага беше даденото ветување од Александар Петрески дека Охрид во оваа година ќе добие уште неколку спортски сали, нов покриен и отворен базен, универзална сала, покриен пазар, неколку нови хотели. Лага е најавата за довршување на сите преостанати инфраструктурни делови од општината, зголемувње на сместувачките капацитети и продолжување на започнатата туристичка промоција на Охрид, реализација на програмата за рурален туризам, изградба на современ пазар и современ објект на новата автобуска станица, изградба на регионален дом за стари лица и слично. Уште една лага на Петрески е дека со помош на градот Марибор со заеднички проект се планира да се донесе исправна користена жичара која би служела 10-тина години додека не се направи друга, посовремена, рече Шокароски.
Како што рече пратеникот, Петрески не успеал да реализира ниту еден проект кој самиот го ветил, а воедно Општината Охрид ја направил едена од најзадолжените во РМ .
– Се обидувате со нелегални договори за дело да ги купувате гласовите на граѓаните и да се извлечете од калтта во која веќе сте потонати. Меѓутоа охриѓани нема да дозволат да бидат повторно манипулирани и заведени а сите вакво нелегални активности ќе бидат доставени до надлежните органи и ќе бидат законски процесуирени .Зато господине Петрески вие ја изгубивте довербата на Охриѓани и ако мислите дека граѓаните ќе ви заборават ,сте се излажале, додаде Шокароски.