На 27 декември во Центарот за култура “Григор Прличев” се одржа 9-то издание на културната манифестација “Зимска бајка”. Шоуто беше во знак на македонската современа музика и креативниот хумор.

Бендот на „Зимска бајка“ составен од врвни музичари од Охрид и земјата, со изведувачите Драган Василески – Пајо, Емилија Колоска и специјалниот гостин на шоуто Ристо Самарџиев и хорот „Вокс Лихнидос“ приредија волшебно музичко доживување. Домаќини на шоуто беа единствените, оригинални и уникатни браќа, познатите охридски актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“.

Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото што го изработи охридската продукција „Digital Box“, a кое премиерно ќе се емитува вечерва, 13 јануари, во 20 часот на нашиот YouTube канал.

Зимска бајка 2025

OhridNews