Четворица охриѓани утрово околу 3 часот на ул.„Григор Прличев“ го фатиле Г.Д.(1982) од Шпaнија, при кражба на возило„Голф“, сопственост на едeн од нив.
Повикана била полицијата која го привела крадецот, кој е задржан во СВР-Охрид. Кај него бил пронајден и одземен нож на преклоп.
По целосно документирање на случајот, против шпанскиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.












