Четворица охриѓани утрово околу 3 часот на ул.„Григор Прличев“  го фатиле Г.Д.(1982) од Шпaнија, при кражба на возило„Голф“, сопственост на едeн од нив.

Повикана била полицијата која го привела крадецот, кој е задржан во СВР-Охрид. Кај него бил пронајден и одземен  нож на преклоп.

По целосно документирање на случајот, против шпанскиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

OhridNews