Шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа е најновото засилување во екипата на Вардар, која поставува уште повисоки цели за следната сезона.


Македа ќе ја засили бековската линија и треба да биде голема помош за Алекс Душебаев, кој дејствува на истата позиција.

– Со ангажирањето на Македа, ќе имаме уште посилна бековска линија, и искусен и докажан играч. Вардар се засили со играч кој зад себе има медали во репрезентативен дрес, со надеж дека заедно ќе ги исполниме и клупските планови. Македа останува во Вардар до јуни 2018 година, а се надеваме и подолго. Со потпишувањето на Македа продолжуваат намерите на Вардар да создаде силен и респектибилен тим во Европа. – рече Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Шпанецот е четврто засилување на Вардар по русинот Александар Деревен и двоецот на Металург, Дејан Манасков и Мијајло Марсениќ.

Мх.П.