Голманот на Вардар, Арпат Штербик не се најде на поширокиот список на шпанскиот селектор Маноло Каденас за престојниот Мундијал во Катар.
Шпанија ќе ја брани титулата освоена пред две години на домашен терен, но без услугите на Штербик, кој поради повреда на менискусот отпадна од комбинација.
Поради истата повреда моменталниот чувар на мрежата на Вардар го пропушти и Европското првенство во Србија пред 2012 година.
Сезонава Штербик бранеше во маестрална форма и беше двигател на успешните резултати на Вардар во Лигата на Шампиони и регионалната СЕХА лига.
Мх.П.