Црвената фурија ја оддува руската зборнаја и се пласираше во финалето на ЕП кое се игра во Австрија и Швајцарија.

Во голем стил онака како што и го одиграа целото првенство Шпанците со убедливи 3-0 ја совладаа Русија и стигнаа до финалнито меч против Германија.

По првите 45 минути мируваа мрежите, а рускиот потоп се случи во вториот дел со со головите на Чави, Гуиза и Дани Силва.

Финалето на ЕП се игра в Недела во 20.45 а играат Германија – Шпанија.

М.П.