Селекциите на Шпанија и Германија ќе ги одмерат силите во финалето на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година.

„Црвената фурија“ на крилата од Саул Нигез ја совладаа Италија со 3-1, додека германците по изведувањето на пеналите (4-3) ја елиминираа Англија, откако регуларниот дел и дополнителните 30 минути завршија 2-2.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид во редовите на Шпанија, Саул Нигез три пати го матираше Џиџи Донарума, кој немаше одговор за расположениот играч за врска.

Трагичар во пенал рулетот помеѓу Германија и Англија беше напаѓачот на „гордиот албион“, Нејтан Редмонд кој промаши во петтата серија. 

Финалето на ЕП во Полска ќе се одигра на 30 јуни во петок со почеток 20 часот и 45 минути. 

OhridNews