Селекцијата на Словенија предводена од Веселин Вујовиќ на клупата и го зеде скалпот на Шпанија победувајќи ја со 24-21 во првото коло од квалификациите за Олимписките игри.
Европскиот вицепрвак имаше полувреме од соништата, но „змајчеките“ во вториот дел примија само пет голови и успеаја да забележат голема победа.
Хрватска претрпе пораз од Данска во дербито на колото 28-24 и ги намали шансите за пласман на Олимписките игри.
„Коцкастите“ за поразот од Данска ќе се вадат во последната рунда против селекцијата на Шведска која очекува го совлада Бахреин со 35-29.
Резултати:
Група 1: Чиле – Тунис 29-35, Полска – Македонија 25-20
Табела: Тунис 2, Полска 2, Македонија 0, Чиле 0.
Група 2: Шпанија – Словенија 21-24, Иран – Шведска 19-34
Табела: Шведска 2, Словенија 2, Шпанија 0, Иран 0.
Група 3: Данска – Хрватска 28-24, Норвешка – Бахреин 35-29
Табела: Данска 2, Норвешка 2, Хрватска 0, Бахреин 0.
OhridNews