Најтрофејните екипи во англискиот фудбал Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе ги одмерат силите во 1/8 финалето од Лигата на Европа.


Ждребката на мегдан ги однесе и шпанските ривали Атлетик Билбао и Валенсија, a eднa од поинтересните двојки во осминафиналето е Тотенхем – Борусија Дортмунд.

Домаќинот на финалниот натпревар Базел за противник во 1/8 финалето го доби бранителот на трофејот Севиља.

Првите мечеви од осминафиналето се играат на 10 март додека реваншите седум дена подоцна односно на 17 март.

Двојки:

Шахјтор – Андерлехт

Базел – Севиља

Виљареал – Баер Леверкузен

Атлетик Билбао – Валенсија

Ливерпул – Манчестер Јунајтед

Лацио – Спарта Прага

Тотенхем – Борусија Дортмунд

Фенербахче – Брага

OhridNews