Шпанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Акилес Мачадо
25.07.24 09:14
Четиринаесеттиот ден од годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за Шпанската вечер, со ариите на тенорот Акилес Мачадо, во пијано придружба на нашиот Андреја Наунов.
Маестро Акилес Mачадо е роден во венецуеланскиот град Баркисимето, студент во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. По преселувањето во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи меѓу кои театарот „Колон“ во Лисабон, Арена ди Верона, Театарот „Сан Карло“ во Неапол, Театарот во Парма, Римската опера, оперите во Вашингтон и Лос Анџелес како и Театарот „Лисеу“ во Барселона, Театарот „Реал“ во Мадрид, Државната опера во Берлин, Германската опера во Берлин, Виенската „Штатсопера“, операта во Цирих, операта „Метрополитен“ во Њујорк како и „Ла Скала“ во Милано.
Пијанистот Андреја Наунов дипломец на Фаĸултетот за Музичĸа Уметност – Сĸопје на одделот пијано во ĸласата на доцент- проф. Симон Трпчесĸи, во чија ĸласа е и на постипломсĸи студии. Добитниĸ е на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има и оставрено бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедонсĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедонсĸата Опера и Балет. Еден од позначајните настапи се турнеите со неговиот професор Симон Трпчесĸи.
На програмата се популарни песни на Карлос Лопез Бучардо, аргентински арии на Алберто Гинастера потоа Триптих од кубанска поезија на Модеста Бор, како и есенски песни на Антонио Естевез. За Шпанската вечер резервиана е сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.
Д-р Орхидеја Тасевска повторно е избрана за директорка на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, потврди таа за Охридњуз Со изборот ќе продолжи да раководи со институцијата и во наредниот мандат од 4 год...
Пријавувањето на специјализанти на повикот од Министерството за здравство со кој се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на 20...
Старата зграда на СВР Охрид во центарот на Охрид во иднина треба да се урне и на нејзино место треба да се изгдари подземна катна гаража, изјави денеска при работната посетата на Охрид, министерот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.