Фудбалерите на Барселона лесно и убедливо го совладаа тимот на Депортиво Ла Коруња со 4-0 на домашен терен во 16-та рунда во Примера. Натпреварот на Ноу Камп го одбележа спорниот момент во судиското продолжение од првиот дел кога на Луис Суарез не му беше признат чист погодок.

– Не видов најдобро што се случи во текот на натпреварот, но потоа на повторена снимка забележав дека не ни е признат чист погодок. Очигледно е дека ни треба ВАР и гол технологија, бидејќи веќе во другите лиги има и вакви ситуации се избегнуваат. Можеби целиот ВАР систем и гол технологија чинат скапо, но е апсурд ние да ги немаме. – изјави тренерот на Барселона, Ернесте Велверде.

Во италијанската Серија А има ВАР и гол технологија, додека во Премиер лигата се користи само гол технологијата, а ВАР системот е на тестирање во Лига купот.

OhridNews