Шпанската фудбалска федерација го одбра Хулен Лопетеги за наследник на селекторот Винсент дел Боске кој после Европското првенство во Франција се повлече од функцијата.
Промовирањето на 49-годишниот стратег за нов селектор е логичен потег бидејќи ги водеше младинските репрезентации на Шпанија до неколку вредни успеси.
Лопетеги од 2010 до 2013 беше на чело на У19 и У20 селекциите, а сезоната 2013-2014 ја предоведеше и младинската селекција.
Последниве две сезони Лопетеги беше на чело на Порто, а во минатото има работене во Реал Мадрид и Рајо Ваљекано.
„Црвената фурија“ со Дел Боске на клупата ги остварија најдобрите резултати освојувајќи титула од Мундијалот во Јужна Африка 2010 година и од Европското првенство две годоци подоцна во Полска и Украина.
Инаку, шпанците како и италијаните се ривали на Македонија во квалификациската група за Мундијалот во Русија 2018 година.
OhridNews