Голема прашина се крена во Шпанија откако за квалификацискиот натпревар со Белорусија за Европското првенство во Франција не допатуваа фудбалерите на Челси, Цеск Фабрегас и Диего Коста.


И без нивната помош „црвената фурија“ лесно се справи со белорусите победувајќи ги со 4-0 со што прокнижија нови три бодови на табелата.

Пред месец дена португалскиот стручњак Жозе Мурињо јавно го замоли селекторот на шпанците да го изостави Диего Коста од составот, но тогаш самиот репрезентивец рече дека нема никој да одлучува за неговата кариера.

Нивната постапка ги разлути навивачите на „фуријата“, а во јавноста се обрати капитенот на селекцијата Серхио Рамос – Говорев за поданост и ќе говорам и во иднина кон селекцијата. Ние треба да сме пример за другите како треба се сака националниот дрес, а не како да се избегнува.

Дел Боске проба да ја ублажи ситуацијата изјавувајќи дека тие го загубиле местото во селекцијата, но веќе лавина против нив и Мурињо тргна во Шпанија.

Мх.П.