Шпанската фудбалска федерација му прогледа низ прсти на Кристијано Роналдо за црвениот картон добиен на мечот со Кордоба во Ла Лига суспендирајќи го само два натпревари.


Португалецот по удирањето на противничкиот играч со клоца веднаш беше испратен во соблекувалната, но во записникот по завршување на мечот судија не го пријавил за насилно однесување туку за недозволен старт.


На најдобриот играч за 2014 година му се закануваше максимална суспензија од 12-ет натпревари, но федерацијата го „помилува“ и казни само два.

Роналдо ќе ги пропушти мечевите со Реал Сосиедад и Севиља додека ќе се врати за градската пресметка со Атлетико Мадрид.

Мх.П.