Меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“ (пливање под вода-нуркање на здив) во должина од 25 м., ќе се одржи на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид денес со почеток во 13 часот во организација на Црвен крст Охрид, а во рамки на овогодинешното издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026.

При штафетното нуркање на здив можат да се користат и помагала (маска, пераи и сл.). Настанот ќе се реализира на посебно подготвена и обележана патека во должина од 25 м., на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, а како специјален гостин се очекува човекот „амфибија“, 72-годишниот Јане Петков од Сандански, Бугарија, кој своето учество во оваа подводна штафета за мир ќе го направи со нуркање на 25 м. со една рака врзана за телото, додаваат.
Од Црвен крст Охрид изразуваат надеж и очекување дека истиот ќе биде инспирација и мотивација за младите и возрасните преку спортски дела да се промовираат здравите животни навики.
OhridNews









