Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе денеска ќе допатува во посета на Република Македонија по повод одржувањето на третиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво.
Предвидено е твој да оствари средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановскии, по што ќе се обрати пред Националниот совет за евроинтеграции.
Филе ќе има одделни средби со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи и претседателот на Владата Никола Груевски, по што ќе отпочне пристапниот дијалог на високо ниво.
Најавени се и средби на Комесарот за проширување на Европската унија со претставници на политичките партии и Здружението на новинарите на Македонија.
Посетата на Штефан Филе на Македонија доаѓа во период на сериозна криза во владејачката колиција.