Чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик и македонскиот репрезентативец во дресот на Веспрем, Дејан Манасков обезбедија место помеѓу најатрактивните потези во десеттата рунда од Лигата на Шампиони.
Една од 17-те одбрани на Штербик се најде на третата позиција во изборот на најдобрите пет, додека летечкиот погодок на Манасков во дербито со Киелце ги најави најдобрите голови.
Убедливата победа на Вардар над Кристијанштад и серијата без пораз на им донесе на „црвено црните“ уште едно признание или пак место во идеалниот тим на колото во ЛШ.
Идеалниот тим:
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек: Михаел Јурецки (Киелце)
Среден бек: Баруш Покоуски (Мотор Запорожје)
Десен бек: Хозе де Толедо (Пик Сегед)
Десно крило: Марио Лопез (Адемар Леон)
Пикер: Патрик Винчек (Кил)
Голман: Андреас Волф (Кил)
OhridNews