Голманот на Вардар, Арпад Штербик им се приклучи на шпанските ракометари кои во Загреб се подготвуваат за полуфиналниот меч со Франција на Европското првенство во Хрватска.
„Црвената фурија“ во групата во која се наоѓаше и Македонија заврши на втората позиција и закажа дуел со ракометните „експерти“ кои безмилосно го елиминираа домаќинот на ЕП.
Штербик ќе го заземе местото на Гонзало Перес де Варгас кој се повреди на дуелот со Германија. Голманот на Вардар и Родриго Гонзалес ќе го сочинуваат голманскиот тандем на Шпанија против „триколорите“.
Полуфиналниот меч помеѓу Франција и Шпанија се игра петок (утре) во 18 часот.
OhridNews