Ракометарите на Вардар, Арпад Штербик и Лука Циндриќ се најдоа во потесниот избор на ЕХФ за најдобар ракометар за 2017 година.

Искусниот голман Штербик со своите одбрани го однесе Вардар на највисокото скалило на клупскиот ракомет, додека Циндриќ беше најконстантен во „црвено црните“ редови и го постигна погодок вреден финале на дуелот со Барселона во 1/2 финалето на Ф4 турнирот во Келн.

Според успесите во 2017 година токму Штербик и Циндриќе се одвојуваат како фаворити, бидејќи од останатите конкуренти речиси и да немаше некој забележителен успех како членовите на Вардар.

Во трката покрај ракометарите на Вардар се голманот на Барселона, Перез де Варгаз, норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен, српскиот бомбардер Момир Илиќ, шпанскиот пивотмен Јулен Агинагалде, плејмејкерот на Веспрем Мате Лекаи и Антон Халбак. 

OhridNews