Од својот дом дојде како замена за повредениот Гонзало де Варгас, а со своето искуство најмногу придонесе Шпанија да го скрши малерот и во петтиот обид да стигне до првиот медал со златен сјај од европските шампионати. Наградата за играч на натпреварот доволно говори за учинок на Арпад Штербик во средбата со „викинзите“ во финалето.
– Двете најхрабри екипи се сретнаа во финалето. Швеѓаните со победата над Хрватска и елиминацијата на Данска покажаа дека заслужуваат да играат во финалето. И добро го отворија финалето во кое ни даваа многу лесни голови. До полувремето ништо не се промени, но потоа заигравме добра одбрана, јас успеав да фатам неколку топки и психолошки се кренавме многу. Има неколку момци како мене кои се во години и завршуваат со своите кариери и многу ми е мило што освоија златен медал. Се надевам во иднина дека нема им требам и голманите кои ќе бидат во составот ќе бидат подготвени за настап, а ако затреба тука ќе сум секогаш. – изјави Штербик.
Шпанија во финалето со 29-23 ја совладаа Шведска, а претходно во 1/2 финалето славеа против Франција која до тогаш немаше пораз на ЕП во Хрватска.
OhridNews