Две победи, едно реми и еден пораз е билансот на гостувањата на лидерот на табелата Миравци, кој ќе биде наредниот предизвик за охридските бели. Госитете кои како лидери доаѓаат во Струга очекуваат да ја прекинат негативната серија.

– Не очекува тешко гостување, Охрид има квалитетен тим и знаеме дека тешко се овојуваат бодови. Ние сме подготвени и секако дека ке дадеме се` од себе да дојдеме до трите бода. Два меча немаме победа и сакаме токму на овај меч да ја прекинеме таа мини серија – вели најдобриот стрелец во тимот Дарко Штерјов.

Овие екипи досега се сретнаа шест пати. Традцијата е на страна на Миравци која има две победи и еден пораз , додека три меча завршиле без победник. Гол разликата е 9-8 во корист на тимот од Југот.

OhridNews