Македонија имаше се во свои раце на дуелот со Полска повеќе од 40 минути, но (пак) остана со празни раце по завршувањето на натпреварот откако претрпе минимален пораз (24-23).
Исто како против Франција кога „црвено жолтите“ 52 минути храбро и машки му парираа на апсолутниот ракометен владетел во светот.
Македонија имаше напад за реми со домаќините на 59 минути и 44 секунди од натпреварот, но ударот на капитенот Кирил Лазаров заврши во блокот па во корнер за голема радост во Краков, а вистинска штета за нас и нашата селекција.
Но, нема време и простор за плачење бидејќи Лазаров и дружината ги очекува нов уште поголем предизвик наречен Србија.
Со триумф над нашиот северен сосед ќе ги исправиме сите неправди кои ни се случија во мечевите со Полска и Франција и ќе ја оствариме целта која беше зацртана пред почетокот на ЕП.
Михаил Постоловски