
Градоначалникот Александар Петрески со посебно Решение формира тричлена Комисија за проценка на штетата на ОУ Св. „Климент Охридски“ каде ветрот го оштети покривот од спортската сала. Утринава, Комисијата и градоначалникот Петрески извршија увид на самото место. Во увидот учествуваа и претставници на инвеститорот и изведувачот при што е констатирано дека причина за настанатата штета е силниот ветар. Првичната проценка на штетата изнесува околу еден милион денари.
Од страна на Градоначланикот е даден налог на инвеститорот и изведувачот на работите, санацијата на објектот да започне уште во текот на денешниот ден и истата да се интензивира во наредните денови така што се очекува за 15-20 дена објектот да биде целосно саниран и учениците да можат да го користат за намената што тој ја има, соопшти локалната самоуправа.
ohridnews












