Штипјанец бил убиен во својот стан, но засега не се знае кој го убил и зошто, соопштува МВР.
Како што пренесува „Макфакс“,таткото на убиениот штипјанец, кој во понеделникот пријавил дека син му е исчезнат, во средата во 14 часот пријавил во полицијата дека од станот на неговиот син се шири непријатна миризба.
Полицијата насилно ја отворила вратата на станот каде го пронашле четириесет и шестгодишниот Стоил М. мртов на подот облеан со крв на главата.
Телото на починатиот е предадено за обдукција. Кој го извршил убиството и причините за убиството се сè уште непознати.
извор:„Макфакс“