По повод 7-ми Април-Светскиот ден на здравјето, креативните раце на штитениците на дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Зраци“ од Охрид денеска дизајнираа производи со кои го промовираа здравиот начин на живот.

-Поттикнувањето на креативниот дух, размената на техники и искуства, промовирањето на идејата за заедничка акција во насока на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите нас беше целта на ваквата активност, информираа одговорните во центарот.

Активноста се реализираше во соработка со Локалната самоуправа, а во рамките на проектот „Достигнување креативност преку инклузија на младите во општествениот живот“, финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.

OhridNews