Успешни економски приказни, бројни новини во здравствените институции, одбележани јубилеи, одржани културни настани и манифестации, доделни бројни награди и признанија, теми поврзани со животната средина, политички настани, промоција на Охрид, модернизирано образование, иновации, како и значајни спортски постигнувања ја одбележаа 2022 година во Охрид.
Но, тука се и настаните поврзани со протестите, временски непогоди, заминување на значајни личности од општествениот живот.
Во јануари на професорот од Словачка Далимир Хајко виртуелно му беше врачена Светската награда за хуманизам што ја доделува Охридската академија за хуманизам, во февруари беше изведен сложен оперативен зафат на гинеколошкото одделение при општата болница во Охрид, во март мотиви од Охрид се најдоа на насловната страна на „National Georaphis“, во април Факултетот за туризам доби нов декан, во мај млад брачен пар од САД го собра семејството во Охрид на уникатна свадбена веселба, во јуни ученици и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ промовираа соларно пловило, во јули Република Србија отвори почесен конзулат во Охрид, во август пожар уништи стотици хектари во охридско, во септември охриѓани ги откриваа тајните на НАСА, во октомври Охрид доби автоматизирана станица за мерење на загаденоста на воздухот, во ноември Костал обзнани дека ќе произведува системи за хибридни возила на Фолксваген во Охрид, во декември градот Охрид на архимандритот Нектариј му ја врачи „Свети Климентовата награда.“..
Детали за овие и останатите случувања што ја одбележаа 2022, се поместени во Годишната ревија на порталот Охридњуз кој 16 години е хроничар на настаните во градот. Деветтото издание на Годишната ревија на настани освен во печатено, може да се најде и во дигитално издание на нашиот портал: ЛИНК ДО ГОДИШНАТА РЕВИЈА НА НАСТАНИ 2022 НА OHRIDNEWS
OhridNews по 9-ти пат ги додели Признанијата на најуспешните
Во Годишната ревија на настани на OhridNews се поместени најзначајните случувања во 2022, како и успешните приказни, кои добија Признаниja од првиот информативен портал во земјава.
Од промоцијата на Годишната ревија на настани
OhridNews