Манчестер Сити има бод повеќе од Ливерпул пред финалните три рунди во Премиер лигата после триумфот (2-0) над градскиот ривал Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. „Граѓаните“ со головите на Бернандо Силва и Лерој Сане му пресудија на „црвените ѓаволи“ и обезбедија пол позиција во трката за титулата во Премиер лигата. После мечот шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола им порачал неколку работи на своите избраници во пресрет на одлучувачките мечеви.

  • На играчите им реков да не читаат весници и на интернет што се пишува а по можност да не гледаат и телевизија, бидејќи таму сме веќе шампиони. Најважно е да останат мирни и да се одморат и против Барнли дадат се` од себе како на дуелот со Манчестер Јунајтед – изјави Гвардиола.

Тој се осврна на самиот натпревар кој беше од исклучителна важност за двете екипи.

  • Игравме под притисок. Тие се борат за место во ЛШ а ние за титулата. После нивниот пораз од Евертон знаевме дека играчите ќе бидат многу посветени и желни за игра. Изгубивме неколку топки на средината од теренот во првото полувреме и среќа што не примивме погодок кој далеку ќе ни ја отежнеше задачата на Олд Трафорд. Во второто полувреме драстично се поправивме и плодот за добрата игра дојде со погодоците од полу контри. – додаде шпанскиот стручњак.

Во последните три рунди Манчестер Сити гостува кај Барнли и Брајтон, а на домашен терен го пречекува Лестер. Ливерпул на домашен терен ги пречекува Хадерсфилд и Вулверхемптон, а гостува кај тимот на Њукасл.

OhridNews