Охрид од неодамна има ново улично осветлување. Старите светилки заменети се со нови, според одговорните, поекономични светилки, а осветлени се и јавните површини кои до сега не беа. Замената на светилките во градот се одвива етапно согласно договорот за јавно приватно партнерство што градот го склучи со приватна компанија, за што одлука донесе советот на општина Охрид на предлог на локалната самоуправа.
Граѓаните имаат поделени мислења за новото осветлување во Охрид. Дел сметаат дека тоа е модерно, дел пак дека можело да биде подобро. Едни се задоволни од новото улично осветлување, други пак сметаат дека старите светилки биле подобри. OhridNews изминатиот период спроведе анкета на оваа тема, а резултатите се следни:
OhridNews
Следно анкетно прашање: Во 2016 ќе биде подобро од 2015 година?