
Во телефонски разговор тој кусо изјави дека од Управниот суд останал само зборот управен. Тој се воздржа од коментар на одлуката на судот која е конечна, најавувајќи дека за тоа во детали ќе зборува на прес конференцијата што ќе се одржи денеска во Струга.
      
Управниот суд, вчера,  прифати седум од осумте тужби на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Струга, што значи дека ќе има прегласување во оваа општина.
					



							






