Шпанскиот ракометар Жоан Кањељас е жив и ќе го игра финалниот меч со Шведска денеска на Европското првенство во Хрватска иако селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ го „отпиша“ на легендарниот тајм аут.

На оригинален начин препознатлив само за Вујовиќ, тој го мотивираше Благотиншек да одигра добра одбрана на Кањељс во последните мигови од мечот помеѓу Шпанија и Словенија во фазата по групи на ЕП. Кањељас во манир на голем спортист не ги прифати лично зборовите од Вујовиќ и рече дека тоа е кажано во налет на емоции.

– Се уште немам слушнато, но моите блиски ми пренесоа. Видете, то е нормално и јас не се лутам. Чинителите во ракометот често говорат се` и сешто во текот на натпреварот, но тоа е се во жарот на борбата и под тежок налет на емоции и адреналин. Нема да ги сфатам неговите зборови лично, бидејќи и јас лично говорам дека ако некој играч уште еднаш нешто ми направи ќе се убијам, па еве ме здрав и жив сум. Исто така сигурен сум дека ниту Вујовиќ немал таква намера, туку сакал да го мотивира неговиот играч. Сите сме под голем притисок во текот на вакви натпреварувања и не секогаш умееме да се изразиме културно и на правилен начин. – изјави ракометарот на Вардар.

ЕП: Што смета Вујовиќ за ракометарот на Вардар ? (видео)

OhridNews