Новиот тренер во екипата или националната селекција значи свежа крв и нови принципи кои не секогаш одат во прилог на фудбалерите. Не е никаква новост кога во светскиот фудбал ќе се слушне за некоја чудна забрана, но секој тренер или селектор си има своја визија.


Новиот предводник на „граѓаните“, Пеп Гвардиола на играчите им забрани да јадат пица, а во времето кога беше дел од Барселона им даде наредба да се возат само клупските возила. Но, Гвардиола во споредба со другите менаџери има благи критериуми и принципи.

Некогашниот тренер на Штутгарт, Александер Корнигер не им дозволувал на своите играчи да носат слушалки во јавност. Образложение за ваквиот потег стручњак на Штутгарт дал дека неговите играчи изгледаат смешно.


Контроверзниот Италијанец, Паоло Ди Канио во Свиндон и Сандерленд на фудбалерите им забрани многу меѓу кои кечап, мајонез и Кока кола. Исто така тој им забранил да пеат или да зборуваат премногу кога не се меѓу играчите.

Германскиот стручњак Јирген Клоп по доаѓањето на Енфилд веднаш на сите им забранил да го допираат знакот од клубот кој се наоѓа на крајот на соблекувалните. Тој на сите ќе им дозволи да го чепнат „светиот“ знак по освојување на некоја титула.


Фабио Капело не ги оправда очекувањата со англиската репрезентација, но медиумите тогаш пренесуваа дека искусниот стратег вовел голем ред и дисциплина, што и ден денес ја краси Англија. Тој на репрезентативците им забранил да се шетаат по шорцеви, влечки и папучи во текот на големи натпреварувања како што се Европското и Светското првенство.

Нил Ленон за време на престојот во Болтон на фудбалерите не им дозволувал да носат капи на тренинзите. Неговото образложение било едноставно и логично, кога неможете на натпревар нема да носите ниту на тренинг.


Еден од најдобрите тренери во историјата на клупскиот фудбал, Сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд бил против шарените копачки. Џон О`ши се појавил на тренинг со шарена опрема и веднаш бил остранет од тренингот, а подоцна бил изоставен од составот за натпреварот.

OhridNews