Што се` се случуваше во ракометното “Ел класико“ (видео)
11.11.12 11:34
Дерби пресметките на ракометните гиганти Вардар ПРО и Металург секогаш со себе носат, крајно неизвесни завршници, голови за паметење а сето тоа мора да биде зачинето со некој инцидент. Така беше и во “Кале“ во рамките од осмата рунда во СЕХА Лигата.
Пред почетокот на мечот немили сцени имаше на трибините. Во почетокот на натпреварот српскиот голман заработи црвен картон, тогаш “вардарци“ до врв ја наполнаа мрежата.
Крилата на Металург, Манасков и Георгиевски се разбудија во финишот и со серија голови го вратија тимот на Лино Червар во живот. За краен епилог кој ни еден режисер не може да го напише се погрижи Прибак со гол во последниот обид на мечот.
Натпреварот од СЕХА лигата беше прва пресметка сезонава за Вардар ПРО и Металург. До крајот на сезоната овие два ракометни ривали ќе се сретнат уште три пати еднаш во СЕХА Лигата и два пати во македонскиот шампионат, во кои македонската јавност очекува богата ракометна престава, проследена без поголеми инциденти.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...