Во светот има околу пет милијарди корисници на интернет. Активноста во интернет-просторот во минута и количината на податоци што ги произведуваат потрошувачите е, благо кажано – огромна. Секојдневно користиме услуги на голем број програми и апликации, коишто, сите тие заедно ја произведуваат вкупната количина податоци.

Што се случува на интернет за една минута оваа 2021 година? Интернет-страницата „Домо“ дава неколку одговори:

  • Амазон генерира 955.517 американски долари во минута, Арл – 848.500 долари, Гугл – 433.000 долари, а Фејсбук – 213.620 долари.
  • Во една минута, на Гугл се случуваат 5,7 милиони пребарувања. Количината на податоци во дигиталниот универзум се удвојува на секои две години,
  • Корисниците на Амазон плаќаат 283.000 долари
  • 12 милиони луѓе испраќаат порака преку „Ај-мениџ“ (iMenage)
  • 6 милиони луѓе купуваат на интернет
  • Корисниците на „Сласк“ (Slassk) испраќаат 148.000 пораки
  • Тимот на Мајкрософт поврзува 100.000 корисници
  • Корисниците на Јутјуб пуштаат 694.000 видеа во живо
  • Фејсбук-видеата во живо имаат 44 милиони прегледи
  •  Корисниците на Интаграм споделуваат 65.000 фотографии
  • Корисниците на Интасарт плаќаат 67.000 долари
  • Корисниците на Тикток гледаат 167 милиони видеa

За споредба, во 2017 година, на Твитер имало 452.000 објави во минута, во однос со 575.000 во 2021. Од 2019 година, секоја минута се гледале 4,5 милиони видеа на Јутјуб, додека во 2021, потрошувачите емитуваат вкупно 694.000 часа во живо. Во 1993., во светот имало само 14 милиони корисници на Интернет, денес има над 14 милиони само во Чилe.

Според некои познавачи, бројот на интернет корисници се зголемил за 500 милиони во 2021 година, што е приближно 11 отсто. Ова значи 950 нови корисници во минута.

 

OhridNews