Англиските екипи кои се натпреваруваат во фудбалска Европа доживеаја тотално фијаско во првите натпревари од елиминациската фаза во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа.

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал во ЛШ и Свонси и Тотенхем во Лигата на Европа не успеаја да постигнат погодок што е поразителен факт за најсилната лига на светот Премиер лигата.

Најблиску до погодок беше тимот на Арсенал, но германскиот репрезентативец Месут Озил во гол не го претвори ударот од белата точка.

Честа на англичаните ќе има можноста да ја одбрани Европскиот првак од 2012 година, Челси, кој ќе сретне со Галатасарај во 1/8 финалето од ЛШ.

Мх.П.