Популарните ангели на Викторија, Лили Алдриџ и Линдси Елнгсон, гостувале во студиото на “Хафингтон Пост” каде одговорале на прашања од различна природа. Меѓу останатото, спротивно на гласините дека за да бидеш модел треба да се изгладнуваш, двета атрактивни модели всушност за ова рекле дека е неопходно да се храниш здраво. „Сакам органска храна, месо, пилешко и мисиркино, авокадо. Ја обожавам таа храна. Освен тоа пијам многу сок од зеленчук. Тоа е стил на живот. Не е диета, тоа е животен стил.
Сакаме да бидеме здрави, а поради тоа се чуствуваш како да имаш многу енергија, добро и секси“ изјавила Елингсон и додала дека и се случува и на неа „понекогаш да згреши“. „Обожавам пита со павлака“. Нејзината колешка Лили Олдриџ на тоа се надоврзала: „Јас многу сакам храна и сакам да си удоволувам на себе, но и да вежбам. Од сите тие недоволени работи, најмногу сакам добар домашен бургер, со квалитетно месо и домашно пециво. Тогаш знаете дека се е со најдобар квалитет“.